Map Graph

Калојанска Црква (Карбуница)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Калојанска Црква — археолошко наоѓалиште во кичевското село Карбуница. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа во непосредната близина на селото, од неговата североисточна страна, лево од патот што води за Кичево, каде се забележуваат остатоци од мала еднокорабна црква и околу неа гробови градени од камени плочи - тип циста, поставени во правец исток-запад. При изградбата на патот биле уништени повеќе гробови во кои имало монети.

Read article